Или го сфакаме едноставно со “Вера”?
Многумина прашуват дали Бог навистина постои и дали неговото постоење е откриено на рационален начин. На крајот на краиштата, никој не го видел Бога. Па можеби идејата за Бог е едноставно психологија што функционира во нашите умови. Бидејки постоењето на Бог влијае на нашето разбирање за себе, нашата иднина и смислата на животот, вреди да се истражи. Постојат три едноставни и рационални семејства на докази кои прилично убедливо проверуваат дали постои Бог или не.
Тест 1. Научните докази за нашето потекло сведочат за постоењето на Творец
Ти и јас постоиме и се наогаме прекрасно конструирани и во свет кој подржува разновидност на друг живот кој е исто така мегусебно поврзан и фино подесен како компоненти на машината фино подесени да работат заедно. Научникот што го предводеше тимот што прв го секвенционираше човечкиот геном ја опиша ДНК на следниов начин:
“Како прва апроксимација, затоа може да се замисли ДНК како инструкциска скрипта, софтверска програма… составена од… илјадници букви код.“
Френсис Колинс.Јазикот на Бога. 2006. стр. 102-103
како всушност “работи” програмата?… Потоа тим од софистицирани преведувачи во фабриката [рибозом]… ги претворат информаците во овој молекул во специфичен протеин
Исто, стр. 104
Друг начин да се размислува за ова… е да се разгледа метафората на јазикот…. Овие зборови [протеини] можат да се користат за конструирање сложени литературни дела…
Исто, стр. 125
“Софтверските програми”, “фабриките” и “јазиците” се создават само од интелигентни суштества. Затоа, се чини интуитивно дека првото и најверојатно објаснување за нашето потекло е дека нe создал интелигентен дизајнер – Бог. Ова го истражуваме подетално овде , каде што го разгледуваме во споредба со Теоријата на еволуцијата, која се обидува да ја објасни биолошката сложеност без интелигенција.
Тест 2. Аргументите за историското воскресение на Исус од мртвите.
Смрта е крајната судбина што го чека целиот човечки живот. Нашите природни системи, иако неверојатно дизајнирани, секогаш се влошуват. Но, постои многу силен историски случај дека Исус воскреснал од мртвите. Ако е вистина, тогаш најизводливото објаснување укажува на натприродна сила што ја надминува природата. Испитајте го воскресението и размислете сами дали Исус воскреснал од мртвите . Ако е така, ова покажува натприродна сила (Бог) што делува во светот.
Тест 3. Пророштвата за Исус укажуваат на Божествен план, а со тоа и на Божествен ум кој го спроведува овој план.
Многу настани од животот на Исус се проречени на различни начини, и преку зборови и преку драма, стотици години пред да живе. Впечатливото исполнување на десетици пророштва покажува Ум кој ги кординира настаните. Но, бидејки овие настани се одвоени стотици години и бидејки ниеден човечки ум не може да ја предвиди иднината толку далеку во времето, тоа зборува за Ум кој го надминува времето. Испитајте ги и сложеноста и разновидноста на пророштвата и запрашајте се дали тие можат да се објаснат на кој било друг начин освен сезнаечки Ум кој го сигнализира и спроведува Неговиот План. Ако е тоа случај, тогаш овој Ум кој може толку многу да кординира во човечкиот живот мора да постои. Еве некои специфични за истражување.
- Како Авраам го предвидел Исус покажувајќи ја локацијата на неговото распнување – 2000 години пред тоа да се случи.
- Како Мојсеј го предвидел Исус посочувајќи го денот од годината на неговото распнување – 1500 години пред тоа да се случи.
- Како Давид ги предвидел деталите за распнувањето на Исус – 1000 години пред тоа да се случи.
- Како Исаија ги предвидел деталите за распнувањето на Исус – 700 години пред тоа да се случи.
- Како Даниел го предвидел точниот датум на своето распнување – 550 години пред тоа да се случи.
- Како Захарија го предвидел своето име – 500 години пред да живее.